Оклахома го победи Портланд, Вестбрук собори рекорд на Чембрлен

Оклахома го совлада Портланд, а Расел Вестбрук со десеттиот последователен трипл-дабл го собори 50 години стариот рекорд на Вилт Чембрлен, Денвер конечна успеа да стигне до триумф и да ја прекине низата од три порази.

Оклахома славеше против Портланд со 120:111, а назаслужен за победата беше Расел Вестбрук со учинок од 21 поен, 11 асистенции и 14 скока. За него ова беше 10-ти последователен трипл-дабл со што го собори рекордот на Вилт Чембрлен кој важеше половина век. Пол Џорџ додаде 47 поени, 10 додавања и 11 освоени топки под обрачите, а Дионте Бартон беше стрелец на 18 поени.

На спротивната страна Демијан Лилард мечот го заврши со 31 поен и шест асистенции додека Џек Лајман постигна 17 поени.

Денвер конечно ја прекина лошата серија на турнејата по истокот совладувајќи го Мајами со 103:87. Никола Јокиќ забележа 23 поени и 12 скока, Малик Бизли имаше 23, а Монте Морис 17 поени. Во поразениот тим најефикасен со 15 поени беше Џастис Винслоу.

Од останатите натпревари ги издвојуваме победите на водечките екипи во Источната конференција. Милвоки го совлада Чикаго со 112:99, а Торонто триумфираше над Бруклин со 127:125.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ