Официјално се одобрени пет замени на играчи

Комитетот за фудбалски правила го одобри воведувањето на пет наместо досегашните три замени, а оваа привремена одлука ќе стапи на сила веднаш, информираат  ФИФА и ИФАБ во заедничкото соопштение.Привремениот амандман  на член 3 во правилата на фудбалската игра ќе може да се примени во сите првенства  што продолжуваат по паузата предизвикана од пандемијата  COVID-19.Натпреварувањата  што ќе го применат новото  правило,ќе можат да го користат до крајот на оваа календарска година.Во меѓувреме, ФИФА ќе одлучи дали опцијата со пет замени  кај екипа по натпревар ќе продолжи да се применува до крајот на 2021 година, вклучувајки го и  Европското првенство, кое требаше да се одржи оваа година и е одложено за следното лето.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ