Официјално: Ремзи продолжува во Јувентус за плата од 20,8 милиони фунти

Фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи од следната сезона и официјално ќе го носи дресот на Јувентус, откако веќе потпишал преддоговор со италијанскиот гигант.

Интересно е тоа што Велшанецот станува втор најплатен играч во Серија А, а пред него ќе биде само Кристијано Роналдо. Ремзи се согласил на четиригодишен договор вреден 400.000 фунти неделно или 20,8 милиони фунти годишно.

Неговиот трансфер во редовите на „Старата Дама“ официјално ќе се реализира на 1 јули оваа година, откако ќе истече договорот со Арсенал. Ремзи 11 години беше дел од „топчиите“ каде пристигна од редовите на Кардиф за 4,8 милиони фунти.

За Арсенал досега одигра 259 натпревари и постигна 61 гол.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ