Официјално и четврто заминување од Вардар: Абутовиќ во Рајн-Некар Левен

Српскиот интернационалец во редовите на Вардар, Илија Абутовиќ од следната сезона ќе игра за екипата на Рајн-Некар Левен.

Специјалистот за одбрана ќе ја доигра сезонава во дресот на „црвено-црните“, а потоа ќе се пресели во редовите на германскиот шампион. Абутовиќ потпишал тригодишен договор, што значи дека ќе остане во тимот од Манхајм до 2021 година.

Абутовиќ беше еден од оние ракометари на Вардар кои се најдолго во тимот и пристигна уште пред ерата на Сергеј Самсоненко. Тој седум години го носи„црвено-црниот“ дрес и покрај Лигата на шампиони минатата сезона со тимот освои и три трофеи во СЕХА-лигата и четири шампионски титули во македонското првенство.

Абутовиќ е последниот ракометар кој официјално го напушта Вардар по оваа сезона, по Арпад Штербик, кој заминува за Веспрем, Мијајло Марсениќ потпиша за Фуксе Берлин, Лука Циндриќ ќе го носи дресот на Кјелце, како и тренерот Раул Гонзалес, кој од следната сезона ќе биде на клупата на ПСЖ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ