ОДЛОЖЕН РОЏЕРС КУПОТ ВО МОНТРЕАЛ
Тенис Канада преку директорот за комуникаци, Валери Тетреул потврди дека турнирот во Монтреал што е дел од Роџерс купот е одложен.Метрополата на Квебек требаше да биде домаќин на женскиот ВТА турнир од 7 до 16 август.
Претходно директорот на Роџерс Купот, Ужен Лапије , истакна дека откажувањето на Мастерсот во Канада би бил штетен за тенисот во оваа земја,но после објавата од Монтреал рече дека ја разбира одлуката на властите во Квебек во справувањето со пандемијата на Ковид 19.
Инаку машкиот турнир во Торонто,дел од Роџерс Купот засега не е под закана за откажување и би требало да се одржи во планираниот термин.