ОДБОЈКАРИТЕ НА МЕГДАН СО СЛОВЕНИЈА
Македонската одбојкарска репрезентација има теоретски шанси за место меѓу шеснаесетте селекции во нокаут-фазата.После триумфот над Белорусија, што беше прв, историски во дебито на Европските првенства, нашите одбојкари и покрај трите порази во првите три меча од разигрувањето во групата,се надеваат на среќно сценарио. Најдобрата комбинација е триумф над фаворитот Словенија,но сепак и во тој случај и во варијанта на пораз во пет сета со што повеќе освоени поени , ќе биде потребно треба да се сочекаат исходите од натпреварите на нашите конкуренти, Финска, Турција и Белорусија.Турција и Белориусја играат вечерва од 20.30,а Финска утре ќе се сртетне со Турција.
Нашиот денешен противник,Словенија која е ко-домаќин на првенството има амбиции за медал, и за нив ќе биде важно првото место во групата за кое ќе се бори со Русија па мечот со Македонија го гледаат како попатна станица за утрешното дерби со актуелнит шампион.