Одбојкарите го дознаа распоредот на натпревари на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација го дозна распоредот на натпреварите на Европското првенство, што оваа есен се одржува во четири земји, Холандија, Белгија, Франција и Словенија.

Македонија по ждрепката одржана во средата се најде во рамки на групата Ц, чиј домаќин е селекцијата на Словенија што значи дека натпреварите ќе ги играме во Љубљана во салата „Стожице“.

Првиот дуел го играме на 12 септември против Финска, во второто коло следниот ден се среќаваме со Турција, а на 14 септември ни следува и најголемиот предизвик со европскиот првак Русија.

По еден ден пауза натпреварите ги продолжуваме против Белорусија, а во последното коло закажано за 17 септември ќе ги одмериме силите со домаќинот Словенија.

Најдобрите четири репрезентации од сите четири групи продолжуваат во осминафиналето.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ