Обезбедeните норми нема да се поништат

Интернационалниот олимписки комитет потврди дека нема да се поништат нормите со кои спортистите до овој момент обезбедиле учество на Игрите во Токио.

До сега познати се околу 57 проценти од натпреварувачите кои ќе партиципираат на најголемото спортско натпреварување и дека во следниот период се очекува пополнување на останатите 33 насто од вкупно 11-те илјади учесници.

Во периодот што следува ИОК ќе бара решение како да одржат квалификациите во оние спортови кои веќе се прекинати или пак се одложени поради пандемијата со Ковид 19.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ