Нуров ќе се бори за бронза, ја исполни нормата за ОИ 2020
Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров со победата во репасажот против Молдавецот, Николај Чебан ќе се бори за бронзениот медал на Светското првенство што се одржува во казахстанската престолнина Нур Султан.
Со победата против Чебан, Нуров успеа да исполни норма за настап на Олимписките игри во Токио што ќе се одржат следната година, а во мечот за бронзата македонскиот борач ќе се соочи со Казахстанецот, Алишер Јергали.