
Њујорк по три месеци победи на домашен терен
По серијата од 18 последователни порази, Њујорк во последните три настапи стигна до вториот триумф, а ја забележаа првата победа пред своите навивачи по пауза од скоро три месеци.
Њујорк го совлада Сан Антонио со 130:118, а најзаслужен за победата беше Демијан Дотсон кој беше стрелец на 27 поени, Кевин Нокс додаде 19 поени и 10 скока, а по 19 поени постигнаа уште Емануел Мудиаи и Денис Смит.
Во поразениот тим ДеМар ДеРозан мечот го заврши со 32 поени и девет асистенции додека ЛаМаркус Олдриџ постигна 18 поени.
Победа забележа и второпласираниот тим на Западот, Денвер кој славеше на дуелот против Лос Анџелес Клиперс со 123:96. Никола Јокиќ имаше 22 поени и 13 скока, а Пол Милсап впиша 21 поен и 16 освоени топки.
На спротивната страна Лу Вилијамс беше стрелец на 24 поени, а Данило Галинари додаде 19 поени и четири скока.
И во последниот дуел од денешната програма Орландо триумфираше над Торонто со 113:98.