Нови проблеми за Червар пред стартот на ЕП

На само два дена пред стартот на Европското првенство во ракомет, селекторот на хрватската репрезентација Лино Червар се соочува со нов проблем околу составувањето на тимот.

Откако поради повреда континенталниот шампионат го пропушта Лука Шебетиќ сега предводникот на националниот тим нема да може да смета и на десниот бек на Хановер, Иван Мартиновиќ.

“Мартиновиќ има фрактура на стапалото и по денешните прегледи ногата му е во лонгета, а според првите процени следува пауза од десетина дена по што следува период на рехабилитација. Мислам дека тој на терените ќе може да се врати за околу четири недели”, изјави докторот на хрватската репрезентација Крешимир Ротим.

Мартиновиќ требаше да биде алтернатива за Лука Степанчиќ, а по неговото отсуство Червар ќе може да смета на Јосип Векиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ