
НОВАК ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН
Новак Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата го освои престижниот Грен слем турнир Вимбдлон.Српскиот тенисер одигра перфектно финале во Лондон и без загубен сет го порази јужноафриканецот Кевин Андерсон.Ѓоковиќ го искористи искуството и во почетниот гејм успеа да направи брејк што го повтори подоцна за 4-1 и во стил на фаворот со 6-2 го освои првиот сет.Слично се одвиваше и вториот сет.Андерсон имаше проблеми со сервисот и со идентични 6-2,Новак Ѓоковиќ го затвори и тој дел од мечот.Џинот од Јоханезбург се разбуди во третиот сет каде делуваше посигурно,стигна до можности за брејк но не ги искористи за опстанок во финалето.Во тај брејк завршница ,српскиот тенисер го имаше потребниот квалитет и концентрација и со 7-3 на поени после 2 часа 20 минути игра, ја прослави 13.Грен слем титула во кариерата ,прва после Ролан Гарос од 2016.Вчера, во женското финале,германската тенисерка Анжелик Кербер ја победи американката Серена Вилијамс со 2-0 во сетови.