
Норвежанките останаа во трката за полуфинале
По триумфот од 35:28 во дуелот против Унгарија, ракометарките на Норвешка ги задржаа теоретските шанси за освојување на едно од првите две места во втората група од главната рунда на Европското првенство.
Актуелниот европски првак доминираше во текот на целиот меч и сосема заслужено ги освои првите бодови во вториот сегмент од континенталниот шампионат,
Најефикасна во победничкиот тим со седум гола беше Хајди Локе додека Стине Офтедал и Шарлоте Солберг постигнаа по шест погодоци. На спротивната страна Габриела Тот шест пати го совлада противничкиот голман, а четири гола беа дело на Ана Ковач.
Во првиот меч од денешната програма во Нанси, Германија славеше над Шпанија со 29:23 и ги задржа шансите за влез во полуфиналето.
Емили Белк, Енџи Гешке и Мајке Шмелцер постигнаа по четири гола, а по три пати прецизни беа Марлене Цапф, Ксенија Шмит и Ина Гросман додека на во поразениот тим Алмудена Родригез впиша пет, а Алисија Фрага четири погодоци.
Завршните натпревари за медали на Европското првенство ќе можете да ги следите ексклузивно на програмата на Телма.
РАКОМЕТ ЕП – ЖЕНИ / ГЛАВНА РУНДА
ГРУПА 2 / 1. коло
ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА 23:29
УНГАРИЈА – НОРВЕШКА 28:35
ТАБЕЛА
1. | Романија | 2 | 2 | 0 | 0 | 60:47 | 4 |
2. | Холандија | 2 | 2 | 0 | 0 | 56:52 | 4 |
3. | Германија | 3 | 2 | 0 | 1 | 86:84 | 4 |
4. | Норвешка | 3 | 1 | 0 | 2 | 93:89 | 2 |
5. | Унгарија | 3 | 1 | 0 | 2 | 82:92 | 2 |
6. | Шпанија | 3 | 0 | 0 | 3 | 76:89 | 0 |