Норвешки судии за мечот против Украина

Европската ракометна федерација ги номинираше судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од првото коло на Европското првенство во ракомет.

Норвежаните Ларс Јорум и Хавард Клевен се делегирани за првиот меч на репрезентацијата на Македонија што се игра в петок со почеток од 20 часот и 30 минути, а ќе можете да го следите низ директен пренос на Телма.

Дербито од првото коло во нашата Б група меѓу Чешка и домаќинот Австрија ќе го судат Исланѓаните, Јонас Елијасон и Антон Палсон.

СУДИИ ЗА 1. КОЛО НА ЕП ВО РАКОМЕТ

Б ГРУПА

МАКЕДОНИЈА – Украина (Ларс Јорум / Хавард Клевен – Норвешка)

Чешка – Австрија (Јонас Елијасон / Антон Палсон – Исланд)

А ГРУПА

Белорусија – Србија (Дуарте Сантош / Рикардо Фонсека – Португалија)

Хрватска – Црна Гора (Артур Брунер / Морад Салах – Швајцарија)

Ц ГРУПА

Германија – Холандија (Бојан Лах / Давид Сок – Словенија)

Шпанија – Летонија (Јаспер Киркхолм / Хенрик Мортенсен – Данска)

Д ГРУПА

Франција – Португалија (Зигмарс Сондорс / Ренарс Лицис – Летонија)

Норвешка – БиХ (Роберт Шулце / Тобијас Тенес – Германија)

Ф ГРУПА

Словенија – Полска (Вацлав Хорачек / Јиржи Новотни – Чешка)

Шведска – Швајцарија (Андреу Марин / Игасио Серадиља – Шпанија)

Е ГРУПА

Унгарија – Русија (Далибор Јуруновиќ / Марко Мрвица – Хрватска)

Данска – Исланд (Иван Павичевиќ / Милош Ражњатовиќ  – Црна Гора)

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ