Нојер ќе го брани голот на Баерн Минхен уште три години

Мануел Нојер го продолжи договорот со Баерн Минхен до 30 јуни 2023 година.

Голманот дојде во таборот на „баварците“ во 2011 и веднаш стана незаменлив број 1 на голот на клубот, но и на германската репрезентација.

Нојер (34) четири пати во кариерата е прогласуван за најдобар светски голман, со Баерн освои седум титули во Бундеслигата, пет во германскиот Куп, Лига на шампиони и Светско клупско првенство. Со националниот тим на Германија беше светски шампион во 2014 година.

Баерн Минхен изминатиов период ги продолжи договорите со Алфонсо Дејвис, Томас Милер и тренерот Ханси Глик.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ