
Ниту 51 поен на Леброн Џејмс недоволни за Кливленд: Голден Стејт поведе во финалето со 1-0
Голден Стејт со победа против Кливленд го отвори финалето во НБА-лигата. Бранителот на тронот славеше со 124-114 во продолженијата.
Натпреварот беше вистинско финале, бидејќи беше драматично и неизвесно, а особено во последните моменти од регуларниот дел. Кавс го имаа последниот напад, но Џорџ Хил реализираше само едно слободно фрлање, по што гостите освоија скок под кошот. Џеј Ар Смит потоа направи глупост, бидејќи го трошеше времето мислејќи дека Кливленд води, а не дека резултатот е израмнет.
Во продолжението проработе повторно најсилното оружје на Вориорс, шутот за три поени, па Кливленд беше осуден на пораз.
Леброн Џејмс одигра неверојатен натпревар за Кавалирс и постигна 51 поен, додека Кевин Лав имаше дабл-дабл учинок од 21 поен и 13 скока. Стеф Кари беше нјадобар кај Голден Стејт со 29 поени, Кевин Дурант имаше 26 поени, а Клеј Томпсон постигна уште 24 поени.