Незабележителна кампања за референдумот во медиумите

Неколкуте билборди низ главите сообраќајници го наговестуваат референдумот кој ќе се одржи на 30 септември. Атмосферата се уште не е вжештена  ниту пак се присутни медиумски препукувања. Коалицијата „Заедно за Европска Македонија“ води незабележителна кампања во медиумите а ВМРО-ДПМНЕ се уште нема изградено став, но е присутна на терен преку средби со граѓаните.

Експертот по маркетинг Сашо Пешев вели дека иако нарачател на кампањата е Собранието и група пратеници кои даваат подршка, досега официјално не е промовирано ниту едно тело кое би ја изготвило стратегијата. Но наспроти отсуството во медиумите, кампањата засилено се води на социјалните мрежи преку обраќања, пораки на функционери, спотови и средби со граѓаните на терен.

Во моментов никој не води кампања „против“. Постои „Бојкотирам“ но тоа е неформална група која не може да води кампања. ВМРО-ДПМНЕ тактизира и неизвесно е дали воопшто ќе се произјаснат. Но активни се на терен и имаат средби со граѓаните.

Во меѓувреме партиите кои настапуваат со слоганот „За“ на референдумот веќе почнаа да формираат централни штабови преку кои ќе ја водат кампањата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ