Нема договор на Министрите за европски прашања за проширувањето на Унијата

Нема договор на Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ . Тие во Луксембург попладнево не  успеаја да се договорат околу прашањето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Јоханес Хан на прес конференцијата им се извини до граѓаните  на две држави и посочи дека ова не е момент со кој ЕУ може да се гордеe , бидејќи дополнително пролонгирање ќе наштети на кредибилитет на Унијата и амбицијата да стане глобален играч.

По ова за прашањето ќе се дискутира на состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ кои во четвток и петок во Брисел.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ