
НБА ПЛЕЈ-ОФ: МИЛВОКИ ИЗБОРИ МАЈСТОРКА СО БОСТОН
Кошаркарите на Милвоки обезбедија 3-3 со Бостон во првиот круг од плеј-офот на Источната конференција.Бакси славеа со 97-86.Централна фигура на теренот кај Милвоки беше Јанис Адетокумбо со 31 поен и 14 скокови.Тој имаше помош од Мидлтон и Брогдон кои поделија по 16 коша.Кај Бостон најдобар поединец беше ’’рукито‘‘ Џејсон Тејтум со 22 поени.Мајсторката е закажана за 28.04 во Бостон Арена.Победникот од серијата меѓу Милвоки и Бостон,во полуфиналето ќе се сретне со Филаделфија.