НБА ПЛЕЈ-ОФ: ГОЛДЕН СТЕЈТ ГО ПОРАЗИ ХЈУСТОН СО 41 ПОЕН РАЗЛИКА

Актуелниот НБА шампион брзо ја врати предноста во финалната серија на Западната конфернција за водство од 2-1 над  предизвикувачот Хјустон.Првиот меч од серијата што се играше во Оукленд,Вориорси го добија со  126-85 после феноменално второ полувреме во кое постигнаа 72 коша.Во рекордната плеј-оф разлика во франшизата од 41 поен,најефикасен беше Стеф Кари.Мотивираниот плејмејкер уфрли 35 поени,Дурент 25  а Грин се истакна со 17 скокови.Кандидатот за МВП на лигата од редовите на Хјустон,Џејмс Харден одигра под просекот и заврши со 20 поени.Голден Стејт е домаќин и на следниот дуел во серијата подобар до 4 победи.Во финалето на ’’Истокот’’,Бостон води со 2-1 над Кливленд.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ