НБА-лигата ги отвора тренинг-центрите на дел од тимовите

НБА-лигата се подготвува за рестарт на сезоната, а првиот чекор кон тоа е отворање на тренинг-центрите на тимовите.

Американските медиуми велат дека НБА-лигата ќе им дозволи на дел од тимовите да ги отворат своите простории и кошаркарите да се вратат на тренинг. Вакво нешто ќе биде дозволено само за тимовите од државите во кои рестриктивните мерки поради коронавирусот се намалени.

Тренинг-центрите најпрво ќе бидат отворени за индивидуални тренинзи на доброволна база, а заедничко тренирање на целиот тим и натаму ќе биде забрането. НБА-лигата ќе работи со тимовите од најпогодените држави од коронавирусот, за да изнајде други решенија за почнување со тренинзи.

Лигата е под суспензија уште од 11 март, кога се појави првиот позитивен кошаркар на опасниот вирус, а тоа беше Руди Гобер од Јута.  На 1 мај е закажан видео-состанок помеѓу челниците на лигата и тимовите, на кој ќе се дискутира за плановите за  продолжување на сезоната или целосно поништување на истата.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ