НБА: ГОЛДЕН СТЕЈТ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ

Кошаркарите на Голден Стејт победија на решавачкиот седми натпревар против Хјустон и се пласираа во НБА финалето каде ги очекува составот на Кливленд.Во мајсторката  од финалната серија  на Западот, Голден Стејт ноќеска на гости го победија Хјустон со 101:92. По традиција Вориорс одиграа феноменална трета четвртина а тандемот Кевин  Дурент – Стеф Кари постигна повеќе од половина поени.Кај  тимот од Оукленд. Дурент заврши со 34 поени , по пет асистенции и скокови,  Кари беше блиску до трипл дабл, 27 поени, 10 асистенции и девет скокови. Во  тредовите  на Хјустон кој настапи без повредениот Крис Пол ,Џејмс Харден  постигна  32 поени.На 31 мај во Оукленд ,Голден Стејт и Кливленд влегуваат во 4-то  НБА финале по ред.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ