Националното помирување неизвесно?

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во формирање на Комисија за национално помирување. Со закон ќе бараат амнестија за сите инволвирани во настаните од 27-ми април.

Премиерот денеска уште еднаш ги повика опозициските пратеници да учествуваат во процесот на национално помирување. Негираше дека, формирањето на ваква комисија е мешање во работата на правосудните органи.

Потпретседателката на Собранието, пак, вчета индиректно најави дека за помирувањето ќе се бара модел применет во други држави.

Пратеникот Зијадин Села, кој беше повреден во настаните од 27-ми април, вели дека целиот процес е нејасен и неприфатлив.

На денешната координација во Собранието, на која не се појавиле ВМРО-ДПМНЕ, е договорено собранискиот спикер Талат Џафери да го води процесот на формирање на најавената Комисија. Заклучено е дека работно тело без опозициската партија не би имало никаква смисла, оттаму и Џафери и пратениците од мнозинството ќе се обидат до крајот на неделава да ги убедат своите колеги да учествуваат во процесот за помирување.Основа ќе биде писмото од нивните 8 колеги кои гласаа „за„ уставни измени, а во кое бараат формирање на вакво собраниско тело.  Се очекува Џафери до крајот на неделава да свика друга координација.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ