
Наскоро ќе се објави терминот за одржување на ЛОИ 2021
Олимписките игри во Токио се дефинитивно откажани, Јапонците бараат начин како да ги санираат финансиските загуби, а Интернационалниот олимписки комитет наскоро ќе го објави терминот на одржување за следната година.
Членот на ИОК, Џон Коутс најави дека во текот на следните четири недели ќе биде одреден периодот во кој ќе се одржат Игрите во Токио. Утврдувањето на терминот ќе биде усогласен со датумите на големите натпреварувања кои треба да се одржат во текот на следното лето и да се избегне згуснат календар.
Во 2021-та на програмата се Светското првенство во пливање кое ќе се одржи од 16 јули до 1 август, а од 6 до 15-ти предвидено е одржувањето на атлетскиот мундијал. Коутс напомена дека се размислува Олимпијадата да се одржи меѓу двата големи тениски турнири Вимблдон и УС Опен, а и во тој период треба да се избегне поклопувањето со Европскиот шампионат во фудбал.