Наполи со ново засилување во нападот

Откако не успеа во обидот да го ангажира фудбалерот на Лил, Никола Пепе, кој кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, челниците на Наполи подготвуваат понуда за комплетирање на трансферот на мексиканскиот репрезентативец Ирвинг Лозано.

Според пишувањето на италијанските медиуми, ПСВ Ајндховен за Лозано бараат обештетување од 40 милиони евра, сума која се смета за прифатлива од страна на Наполи и се очекува трансферот да се реализира во најкус можен рок.

Претходно Наполи не успеа да ги ангажира Хамес Родригез и Мауро Икарди, а во своите редови го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ