
Напнато во Газа, Израел распоредува тенкови
Израел и Хамас се подготвуваат за нови протести и можни судири долж границата со појасот Газа, во моменти кога трае загриженоста за повторно крвопролевање. Жестоки судири имаше минатиот петок, а израелските тенкови и снајперисти утрово, според информациите ос светските медиуми, зазеле позиции, а на едно место палестинските демонстранти запалиле неколку гуми крај границата.
Денешниот протест ќе биде втор против израелската блокада на појасот Газа, воведен уште во 2017 година, во рамки на демонстрациите „Марш за враќање“, кој ќе трае шест недели се до средината на мај, кога се одбележува 70-годишнината од создавањето на Израел.