
Нант си ги бара парите од Кардиф за трансферот на Емилијано Сала
Фудбалскиот клуб Нант ги побара парите од Кардиф по трансферот од 15 милиони фунти за Емилијано Сала, кој доживеа авионска несреќа.
Аргентинецот беше на пат од Нант кон Кардиф по комплетирањето на трансферот, кога неговиот авион исчезна од радарот на 21 јануари годинава. Вчера беа пронајдени остатоци од авионот под вода во каналот Ла Манш со едно видливо тело. Засега нема официјална потврда дали се работи за Сала или за пилотот Дејвид Иботсон.
Францускиот тим официјално побарал од Кардиф да ја исплати првата од трите предвидени рати за трансферот на Сала. Нант дури и се заканил со тужба доколку премиерлигашот во следните 10 дена не ја уплати првата рата од трансферот.