Наградата “13 Ноември” за кик боксерот Илиоски

Кик-боксерот Бобан Илиоски е добитник на наградата “13 Ноември” што ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје. Илиоски годинава го освои бронзениот медал на Европското првенство во Братислава, а неговиот тренер и селектор на националниот тим Дејан Митровски го доби признанието за најдобар тренер.

РК „Вардар“ е прогласен за најдобар клуб на Скопје, а Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венислав Недев ја добија наградата за животно дело, додека најдобар професор по физичко е Мартин Мартиновски од ООУ „Партение Зографски“.

Зоран Поповски е најдобар спортски судија, Ласте Димитриевски од Нова Македонија е најдобар спортски новинар, Перица Крстевски, Никола Тасев, Гордана Николовска се најдобри спортски работници и Дарко Каевски, директорот на Агенција за млади и спорт е најдобар општествено спортски работник/функционер.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ