Надал со Тим и Димитров, Чилиќ кај Федерер

Познати се групите за завршниот Мастерс турнир на најдобрите осум тенисер што ќе се игра во Лондон.

Пит Сампрас и Борис Бекер ја имаат честа да ги носат имињата на групите за годинашново издание на најдоброрангираните тенисери во 2017 година.

Светскиот рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал ја доби групата „Сампрас“ во која ќе се натпреварува заедно со Австриецот Диминик Тим, Бугаринот Григор Димитров и Белгиецот Давид Гофан.

Вториот тенисер во светот, Швајцарецот Рожер Федерер ќе ја предводи групата „Бекер“ со Хрватот Марин Чилиќ, Германецот Александар Зверев и Американецот Џек Сок.

Првопласираните двајца тенисери ќе обезбедат полуфинале на завршниот турнир што ќе се одржи од 12 до 19 ноември во О2 арената.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ