Формиран е фонд за финансиска помош на тенисерите
Водечките светски тениски организации (ИТФ, АТП, ВТА) и Организаторите четирите гренд слем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон, УС Опен) собраа повеќе од 6 милиони американски долари за Програма за финансиска помош на тенисери и тенисерки кои се особено погодени од пандемијата од КОВИД-19, се вели во заедничката изјава.Тениската сезона беше прекината на почетокот на март, и ќе трае најмалку до 13 јули, што ќе остави многу тенисери без приходи. Создадениот фонд треба да им помогне на околу 800 играчи полесно да ги надминат месеците на неактивност.