ЃОКОВИЌ ДОНИРАШЕ ВО БЕРГАМО
После донацијата од 1 милион евра во родната Србија,Новак Ѓоковиќ ја покажа својата хуманост на дело и во Италија.
Најдобриот светски тенисер донираше засега непозната сума во Бергамо. Генералниот директор на локалната здравствена власт во областа погодена од пандемијата на корона вирусот, Питер Асембергс изјави дека не очекувале на банкарската сметка донација од ’’такво престижно лице“,што ги прави многу емотивни.Донацијата ќе бидат искористена за набавка на вентилатори и друга медицинска опрема.