НАДАЛ ШАМПИОН НА РОЛАН ГАРОС ПО 12.ПАТ

Кралот на црвената подлога ја  потврди круната во Париз.Во дуел со Доминик Тим на теренот Филип Шатрие,Надал испиша нова страна во историјата на ГС  Ролан Гарос и во реприза од ланското финалето не му дозволи на австриецот прва грен слем титула.По сетови Надал победи со  6-3,5-7,6-1,6-1 за три часа игра.

Почетокот  на  финалето навестуваше поголема борба  и отпор на  Тим.Авсгриецот направи брејк,но шпанецот во наредниот гејм го врати сервисот .Надал успеа да поведе со 4-3 откако се одбрани од опасноста и  го искористи моментот  за нов брејк,5-3 а  во наредниот гејм го потврди за водство  од 1-0.

Во вториот сет,беше изедначени се до 11 гејм кога Тим успеа да го валоризира притисокот за брејк  и со сигурен сервис со 7-5   изедначи на 1-1 во финалето.

Надал влезе во третиот сет во шампионски ритам,веднаш го освои противничкиот сервис ,а Тим стигна до  гејм дури за 1-4.Надал рутиски завршува со 6-1 и во наредниот, како што се покажа последен   сет на турнирот со брејк на почетокот  го зголеми притисикот кон 25 годишниот австриец  за идентични 6-1  .

33 годишниот  шпанец е првиот во историјата на тенисот со 12. ГС  на еден турнир и во машка и во женска конкурецнија и во аматерската  и во Опен ерата.Со 18 наслов,Надал се доближи на само  два ГС до рекордот на Роџер Федерер кој во Париз беше негова жртва во полуфиналето .

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ