Надал и Халеп шампиони на Роџерс купот

Рафаел Надал стигна до 80-тата АТП титула во кариерата откако го совлада Гркот Стефанос Циципас синоќа во финалето на Роџерс купот во Торонто, Канада.

Шпанскиот тенисер славеше со 6-2 и 7-6 и стигна до својата 33-та титула на Мастерс турнирите. Светскиот рекет број 1 веднаш по триумфот најави дека нема да игра на следниот мастерс турнир во Синсинати поради замор и ќе се одмори пред последниот сезонски грен слем, УС Опен.

На женскиот дел од турнирот, Симона Халеп го освои трофејот во Монтреал. Таа синоќа во финалето по голема борба ја совлада Слоун Стивенс од САД со 2-1, по сетови 7:6, 3:6 и 6:4. За најдобрата тенисерка на светот во моментов, ова е втор трофеј на Роџерс Купот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ