НАДАЛ И ФЕДЕРЕР БЕЗ ЗАГУБЕН СЕТ ВО 3.КОЛО

Вториот светски рекет кој е број 2.фаворит на традиционално првиот Грен слем од сезоната,без проблеми ја мина втората пречка на турнирот во Мелбурн.Рафаел Надал со 3-0 по сетови 6-3,6-2 ,6-2 го совлада домашниот тенисер Метју Ебден.Шпанецот и  во наредното коло,шпанецот ќе има ривал од Австралија,Алекс Де Минаур.

Бранителот на титулата на Австралија опен, Роџер Федерер, не загуби сет но мораше да игра два тај-брејка против британецот  Дан Еванс а го доби третиот сет со 6-3.И на другите мечеви со исклучок на елиминацијата на петтиот носител  Кевин Андерсон од Францис Тиафо,Фаворитите немаа проблем во второто коло.Марин Чилиќ го совлада Мекензи Мекдоналд, Томас Бердих беше подобар од Робин Хаасе.Единствено  Баутиста Агут беше принуден да игра 5 сета против Џон Милман.Од топ  носителите  на турнирот,прогрес во следното коло и за десеттиот ,Карен Хачанов.

Во женска конкуренција  германката  Анжелик Кербер кој е фаворитка број 2 ,  со 6-2 и 6-2 против бразилката Беатрис Хадид  Маја влезе во 3.коло.Во два сета успешна и американката  Стивенс против  унгарката Бабош.Возниацки и Квитова во сличен стил,без загубен сет стигнаа до 3.коло а од најдобрите 10 рангирани на турнирот,Грен слемот во Мелбурн заврши за Кики Бертенс.Холанѓанката ,инаку 9-та носителка, загуби во меч од три сета од  русинката Пављученкова.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ