
На обвинетите за 27 април ќе им се суди во новата барокна зграда
Судот со полна пареа ги испраќа наредбите за спровод од притвор и од куќен притвор за обвинетите за тероризам, за насилствата на 27 април минатата година. Оттаму информираат дека уредна покана за утрешното прво рочиште добиле 11 лица кои се сместени во истражниот затвор Скопје, а 13 да се донесат од домашен притвор. Осуммина на којшто судија на претходна постапка им ги одзеде пасошите ќе мораат да дојдат сами на закажаниот термин. Меѓу нив е и поранешниот директор на бирото за јавна безбедносот Митко Чавков, којшто заложи 600.000 илајди евра како банкарска гаранција за да излезе од притвор.
Од трите големи сали на скопските судови, одлуката паднала судијката Добрила Кацарска да го води процесот во новата барокна зграда. Што ќе прочита во обвинението обвинителката Вилма Русковска на првото рочиште сакаат да слушнат и голем број роднини на обвинетите кои покажале интерес до судот да им дозволи присуство. 90 места е капацитет на новата сала во барокната зграда, а само толкав е бројот на обвинетите, адвокатите и медиумите.
За утре се очекува одбраната да го бомбардира судот со предлози за укинување на притворот на нивните клиенти. 32-цата обвинети за уривање на уставниот поредок и помагање за прв судија од АКМИСОТ ја добија Кацараска која му судеше и му пресуди 3 години на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот на СЈО „Тенк“.
Вториот најобемен процес и по број на обвинети и по тежина на кривичнтие дела на иста обвинителна клупа ќе ги спои и петмината пратеници за кој јавноста на снимките виде како на 27 април ги отвораат вратите, и ги насочуваат демонстрантите, потоа тројцата водачи на демонострациите, оперскиот пејач Игор Дурловски, Богдан Иливески и актерот Владо Јовановски, како и екс директорот на БЈБ Митко Чавков и дури полициски раководни лица. Освен адвокатите кои во судницата ќе ги бранат нивните права, пред судот поддршка за нив и мирен протест на социјланите мрежи најави т.н. „Комитет за одбрана на дигнитет на неправедно обвинети патриоти“ и повика:
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт и несогласување да го напуштат Собранието на Република Македонија и во знак на поддршка и солидарност да дојдат пред Основен суд Скопје I,.Уметниците, а особено оперските пејачи, актерите и режисерите во Република Македонија да дојдат пред Основен суд Скопје I, во Скопје, и да се спротивстават на политичкиот, полицискиот, обвинителскиот и судскиот прогон на уметниците.“
Ако утре без пречки стартува процесот, Кацарска до ноември има закажно 37 термини за рочишта на кои обвинителката Вилма Русковска ќе се обиде да докаже дека овие 32 лица извршиле организиран напад врз Собранието и пратениците. Во обвинението на 18 страни е наведен и повикот од Виена, Австрија кој се смета за отпочеток на насилствата кои по изборот на претседател на Собранието доцна во ноќта завршија со над 100 повредени. Скопска едница веќе пресуди 86 години затвор за лицата кои таа ноќ брутално го претепаа и повредија пратеникот Зијадин Села.
Павле Беловски