
На обештетување од државата за конфликтот во 2001 се уште чекаат над 50 полицајци
И по 17 години од воениот конфликт во 2001 година околу педесетина ранети припадници на МВР и 18 семејства на загинати полицајци не се обештетени.
Од Независниот синдикат на полицијата, велат дека државата дискриминира со тоа што на поголем број полициски службеници и нивни семејства им е исплатен паричен надоместок а некои се уште не добиле ниту денар
Од Независниот синдикат на полицијата, реагираат и на лошите услови на вработените во затворската полиција, кои немаат доволно овластувања, па често пати се соочени со опасности и ризици. Платите им се ниски, и се уште не им е регулиран статусот.
Според синдикатот како претходната така и оваа влада се однесува игнорантски кон нивниот проблем. Нашите барања за подобрување на статусот на припадниците на МВР до актуелната владеачка гарнитура се испратени уште во септември минатата година, но од нивна страна досега немаме добиено никакво одговор, велат оттаму.
Зоран Димовски