НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО 2008,РОСИ СЕ ИЗЕДНАЧИ СО АНХЕЛ НИЕТО

На денешен ден 2008 година на трката во Ле Ман,Валентино Роси  ја оствари 90 победа во кариерата од настапите на СП во мотоциклизам со што се изедначи со легендарниот шпански ас ,Анхел Нието.Италијанецот  на Јамаха победи пред клупскиот колега Хорхе Лоренцо и американецот Колин Едвардс и подоцна во сезоната  го  потврди насловот,  Светски првак .Наредната ,2009 година,Роси повторно  беше шампион и оттогаш нема освоено нова титула .Џакомо Агостини е водечки на вечната листа со 122 ГП победи,Роси е на 2.место со 115,трет е Нието со 90 а на 4-та позиција со 82 победи  е актуелниот првак Марк Маркез кој дебитираше на големата  сцена токму во 2008 година. Роси (41г.)  има 9 титули,7 во најсилната класа ,сезонава го завршува договорот со Јамаха,но е во преговори со тимот на Петронас за учество на  СП и во  2021.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ