МЗТ Скопје се врати со важна победа од гостувањето кај Ловќен

МЗТ Скопје ја прекина лошата форма од два порази по ред во АБА2-лигата со убедлив триумф на гостувањето кај Ловќен од 85-67 во рамки на 15.коло.

„Металците“ одиграа фантастичен натпревар, особено тоа важи за второто полувреме. Нашиот тим имаше целосна контрола врз резултат и оствари важна победа во борбата за врвот на табелата, бидејќи беше остварена против еден од конкурентите, кој котира високо сезонава.

Андрија Бојиќ прераснува во вистински лидер на тимот во напаѓачка смисла и повторно беше најефикасен кај сино-белите со 24 поени. Џејмс Вудард постигна 18, додека Дамјан Стојановски реализираше 10 поени.

По овој триумф МЗТ го задржува второто место на табелата со 25 бода, два помалку од лидерот Приморска, кој има и натпревар помалку. Во следното коло, „металците“ играат на домашен терен против Зрињски идната среда во рамки на 16.коло.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ