МЗТ се засили со Американецот Олуџоби

Раководството на МЗТ Скопје денеска јавно најави дека во тимот ќе има промени и изрази незадоволство од игрите на дел од странските засилувања. Реконструкцијата започна, бидејќи „металците“ официјално ангажираа нов Америкенец.

Најново засилување за македонскиот кошаркарски шампион е Феми Олуџоби. Се работи за 23-годишен крилен центар кој е висок 206 сантиметри. Негов последен клуб е литвански Лиеткабелис, а претходно четири години играл во американската колеџ лига во Оукленд, потоа за Универзитетот  „Е енд Ти“ од Северна Каролина и за Депол.

Олуџоби ќе има доволно време да се адаптира на новата средина, бидејќи следниот натпревар „металците“ го играат дури на 27 февруари против динамик во АБА2-лигата. Од таборот на тимот од Аеродром најавуваат разделба со барем тројца странски кошаркари, кои не ги оправдаа очекувањата оваа сезона, а наскоро ќе бидат познати и нивните имиња. Исто така не се исклучува можноста во МЗТ да пристигне уште некое странско засилување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ