МЗТ ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО РАБОТНИЧКИ

МЗТ Скопје му се реваншираше на  Работнички за поразот   од  4.коло на Супер лигата но и за прв пат сезонава славеше над вечниот ривал.

Вечерва во СЦ Јане Сандански,актуелниот шампион  победи  со 80-76.Домашните ги изборија  двата бода во неизвесен меч.Воведните  минути му припаднаа на гостинот од Градски Парк.МЗТ  со серија од 7-0 го презеде водтвсото и го заврши полувремето со 47-43 .Следеше период на просечна реализација на двата коша и во финалните 10 минути,МЗТ  влезе со предност  од 60-57.Лидерот во првенството  успеа да  се избори  за водтвсо во последната четвртина преку Костов и Еванс,но Бојан Трајковски имаше одлични минути во и околу рекетот и стави печат на победата од 80-76.Крафорд заврши како најефикасен кај МЗТ со 16 поени,12 постигна Трајковски,11 Симоновски,10 Војдан Стојановски.Кај  Работнички  Костов нанижа 27 поени,12 Еванс.После 9.коло од Супер лигата,МЗТ ја завери 2 позиција за плеј-офот против Блокотехна,во другата полуфинална серија водечкиот Работнички ќе игра со Куманово,независно од резултатите на последното 10 .Суперлигашко коло.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ