МЗТ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ

МЗТ Скопје успешно ја затвори серијата со Блокотехна и во финалето ќе се сретне со големиот ривал Работнички.

Вечерва на гостувањето во Гевгелија,актуелниот шампион успеа да победи со 74-72 и со 3-1 ја затвори плеј-оф полуфиналната  пресметка против Блокотехна,најпријатното изненадување во првенството.МЗТ влезе на мечот со предност од 2-1 во натпревари  и во отсуство на повредениот Двејн Бенџамин кај домашните, со првиот брејк во серијата  избори финале.

Во изедначен натпревар,Блокотехна имаше свои моменти во втората четвртина,МЗТ се реваншираше во третата и со добитна тактика  во финалните 10 минути успеа да ја одржи предноста за триумф  на гостински терен.Девет  играчи на МЗТ вечерва поентираа а најефикасен беше Бојиќ со 22 коша.Кај Блокотехна,Мијатовуќ постигна 17 поени,по 16 Казарновски и Смит.Работнички,противникот  на МЗТ во финалето, со 3-0 ја заврши серијата против Куманово.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ