Му здосади Евертон: Руни се сели во МЛС-лигата

Вејн Руни е пред трансфер во МЛС-лигата, пишуваат англиските медиуми.

Фудбалерот е подготвен да го напушти Евертон по само една сезона и да се пресели преку Атлантикот во Ди Си Јунајтед во Вашингтон.

Според шпекулациите, вредноста на трансферот би изнесувал 12,5 милиони фунти, а Руни ќе добие договор до крајот 2020 година. Р

уни минатото лето се врати во матичниот тим по 13 сезони минати во дресот на Манчестер јунајтед. Сезонава беше најдобар стрелец кај „карамелите“ со 11 голови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ