МОТО ГП: ТРИУМФ НА МАРКЕЗ ВО МАЛЕЗИЈА

Шпанскиот ас Марк Маркез ја прокнижи  9-та победа сезонава во СП во мотоциклизам.Старо-новиот шампион во МОТО ГП класата ја искористи грешката на водечкиот Валетнино Роси .Италијанецот  пропушти голема шанса да оствари победа по подолго време,откако доминираше на трката  но направи грешка на 4 круга до крајот  и излета од патеката.Роси заврши на 18. место а на подиумот до победникот Маркез се искачија Алекс Ринс од тимот на Сузуки и Жоан Зарко од Тех 3 Јамаха.Во Мото  2 класата најбрз беше италијанецот Лука Марини на Калекс,во Мото 3 победи  шпанецот Хорхе Мартин на Хонда.Последната трка од сезоната ќе се вози на 18 ноември во Валенсија.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ