Мото ГП: Маркез во последниот свиок се одбрани од Довициозо

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез триумфираше на трката за Големата награда на Тајланд, што се возеше за прв пат во историјата во Мото ГП шампионатот.

Актуелниот шампион до триумфот дојде по фантастична борба со Андреа Довициозо од Дукати, а победникот беше решен буквално во последните метри од трката.

Јамаха конечно имаше добар настап, па трет финишираше, Маверик Вињалес, а неговиот клупски Валентино Роси го освои четвртото место.

Со оваа победа Маркез ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има 271 бод, пред Довициозо со 194, додека на третата позиција е Роси со 172 бода.

До крајот на сезоната има уште четири трки, а следната се вози во Јапонија на „Твин Ринг Мотеги“.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ