Моќниќ ги однесе на распит во СЈО, Аџиев и Милошoски

Час и половина траеше распитот на екс претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџиев. Специјалното обвинителство го повика како осомничен за истрагата „Моќниќ“ објавена уште во март годинава. Според СЈО Аџиев по нарачка издејствувал комисијата со која раководи да го лустрира кичевскиот судија Драган Билевски. Ова го сторил под влијание на пратеникот Антонио Милошовски кој сакал да му се одмазди на Билевски, твреше тогаш СЈО. Што сега им кажал на истражителите Аџиев не сакаше да одговори.

Инаку Моќниќ е истрага во која се осомничени 13 мина меѓу кои и пратеникот Милошоски, неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски Брод. Според обвинителството со измама во 2011 година успеале да ја продадат зградата на општина Пласница, купувач бил таткото на Милошевски а со помош на градоначалникот на Македонски Брод. Кога градоначалникот на Пласница реагирал го предизвикал револтот кај пратеникот кој сакал да се реваншира и на судијата Билевски за кој сметал дека му помага. За ова постои и објавен телефонски разговор, потенцираше СЈо кога ја објави истрагата.

Инаку по лустрацијата судијата Билевски судскиот совет го разреши. Како осомничен утре на распит во сјо е повикан и Антонио Милошовски, кој сјо во истрагата го нарече моќен пратеник.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ