МОК ГИ ИСПРАТИ ОЛИМПИЈЦИТЕ КОН ПЈОНГЧАНГ

МОК го претстави триото што ќе ги брани боите на Македонија на Зимската олимпијада во Јужна Кореа.Знаменосец ќе биде нордиецот Ставре Јада кој патува кон Пјонгчанг со исполнета А норма.

Јада ќе се натпреварува на трасата од 15 километри во слободен стил и во спринт.Во нордиско скијање, на делница од 10 километри ќе учествува и Викторија Тодоровска која заедно со Јада дебитира на Зимска Олимпијада.

Најискусен во составот е алпскиот скијач Антонио Ристовски.Тој по трет пат,после 2010 и 2014 година ќе учествува на големиот спортски собир.Во Сочи ,на церемонијата на отварањето на Игрите,Ристевски го носеше македонското знаме и го освои 29 место во слалом.

Покрај тројцата олимпијци во Ј.Кореа ќе патуваат и тренерите Ѓоко Динески и Иван Лесески.Македонската олимписка делегација ќе замине за Пјонгчанг на 7 февруари.23 –тата Зимска Олимпијадата ќе се одржи од 9 до 25 февруари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ