’’МЛАДИТЕ’’ СЕНИОРИ ПОДОБРИ ОД ТУРЦИЈА

Првиот од предвидени четири тест натпревари во недела на ЕХФ заврши со победа на сениорите над Турција од 26-23.

Дуелот во  Ескишехир   мина во целосна доминација на македонската репрезентација.На полувремето, сениорите  имаа 15-11,во вториот дел  22-17 во 49 минута а во завршницата домашните  ракометари се доближија до пристоен пораз.Највозрасниот во редовите на младиот македонски состав,пикерот Пешевски ја презеде и одговори на  улогата на лидер ,постигна 8 голови,два помалку запиша крилото Поповски,бекот Танкоски  имаше 4 погодоци.На голот,селекторот Данило Брестовац им подели по едно полувреме на  Томовски и на Кизиќ .На мини турнејата во Турција,Македонија  настапува со најмладиот  тим досега.Играчите кои  конкурираат за место на  ЕП   утре во Ескишехир  во ист состав  ќе имаат пријателска   со Италија  а веќе во петок и сабота во Скопје ,тимот на селектор Данило Брестовац  ќе биде засилен со дел од стандардните репрезентивци и ќе има двомеч со селекцијата на Грузија.Од првиот натпревар во петок од 20 часот ќе емитуваме директен пренос.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ