Младите кошаркари денеска против Израел

Македонската кошаркарска селекција до 16 години денеска на Европското првенство А дивизија ќе го одигра натпреварот од второто коло, а противник ни е репрезентацијата на Израел.

По вчерашниот добар настап во кој за жал загубивме од Шпанија од 61:57 денеска нашите кошаркарски надежи имаат можност да ја забележат првата победа.

Во првиот настап на континенталното првенство Израел беше убедлив против Летонија и забележа победа од 76:56.

Дуелот се игра од 14 часот и 15 минути, а во вториот дуел од нашата група Шпанија за противник ја има Летонија, а почетокот е закажан за 21 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ