Младинците на Макпетрол со осум трофеи на шампионатот на балкански земји

Вториот ден Каратистите на Макпетрол и Шампионатот на балканските земји за кадети, јуниори и У-21 во Скопје ги продолжија со успесите од Саботата и освоија вкупно 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени во поединечна конкуренција, како и четири сребрени медали во екипна конкуренција.

Златни медали освоија, Абдурахим Идризи и Глигор Петков, Роберто Ацковски – сребрен, а Стефан Стојановиќ и Даријан Ризмановски бронзени.

Сребрен медал во У-21 екипно освои Глигор Петков, кај Јуниорките во женска конкуренција Марија Петровска а Витомир Трајковски и Данило Божовиќ освоија сребра во екипна кадетска конкуренција.

“Изминатиот викенд за нас беше многу напорен, во нашите редови имавме каратисти кои направија и по 10 борби за двата дена и постигнаа забележителен успех во сениорска и во младинска конкуренција. Во двата дена нашите каратисти освоија вкупно 16 медали:  3 (три) златни , 8 (осум) сребрени и 5 (пет бронзени) медали, тоа е податок кој укажува дека моменталниот потенцијал и квалитет на спортисти кои ги бранат боите на националната репрезентација и клубот се на високо место. Направивме многу добра контрола со комплетниот натпреварувачки погон кој ни беше на располагање, генерално сме многу задоволни од постигнатото, бидејќи резултатите беа постигнати во многу силна и квалитетна конкуренција. Имаше 5 држави но со по 4 најдобри спортисти во секоја тежинска категорија.  Задоволството е поголемо бидејќи стварно успешно ја завршуваме 2019 година”, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ