МИЛЕВСКИ ЗАМИНУВА ОД КЛУПАТА НА МЛАДИНЦИТЕ

МИЛЕВСКИ  ГО СООПШТИ СПИСОКОТ ЗА ДУЕЛИТЕ  СО АЗЕРБЕЈЏАН И НАЈАВИ ЗАМИНУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА

Селекторот Благоја Милевски  кој со златната генерација  го донесе најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал со  пласман на  Европско првенство во Полска за играчи до 21 година,денеска  го објави списокот на фудбалери за пријателските натпревари со Азербејџан и  најави заминување од функцијата.Од 1 јуни,Милевски завршува со тимот до 21 година и ќе се врати како тренер во редовите на израелски Ашдод каде настапуваше во периодот од 2001 до 2004 година.

Сакам да се заблагодарам на ФФМ за укажаната можност за докажување и овозможување професионални услови за работа. Само така и со такви услови, со таков начин на работа нема да изостанат успеси. Треба да се продолжи по тој пат во иднина. Со оваа репрезентација го достигнавме лимитот, направивме се што можеше. Посакувам да не се застане тука, сите селекции да играат на завршните турнири-изјави   Милевски на денешната прес конференција

Негов последен ангажман треба да бидат натпреварите против Азербејџан закажани за 24 и 27 мај.Милевски не може да смета на неколку повредени играчи.Тој  повика повеќе нови фудбалери во селекцијата, за разлика од последните квалификациските мечеви,форсирајки  репрезентативци  од У 20 тимот  кои треба да бидат носители за следниот цилкус квалификации..ФФМ најави конкурс за нов селектор и зависно динамиката на изборот ќе биде познато дали Милевски или  пак неговиот наследник  ќе бидат  на клупата за контролите во Баку.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ